Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вчера рече дека е незаконска промената на училиштата во Чаир, денеска се премисли и смета дека такво нешто е во ред.
„Вчера и денеска ги проверивме сите аспекти од постапката на носење на имињата на основните училишта во Чаир.
После темелна анализа, правни тимови констатираа и ме информираа дека промената на имињата е согласно членот 26 од Законот за основно образование. Откако училишниот одбор донел одлука за измена на Статутот на училиштето со што се променува името на училиштето и се додава уставното име на државата, истата била потврдена и од страна на Советот на Општина Чаир. Баденетерово мнозинство не било неопходно.
Одговорноста пред граѓаните подразбира и темелна проверка на фактите и спречување на какви било обиди за политичко поентирање врз база на меѓуетничките односи во нашата земја.
Одговорно е да се водиме од словото на законот, нема и не смее да има простор за ширење национализам и поделби.
СДСМ е партија предводник на концептот едно општество за сите која се води исклучиво од словото на законот“, истакна Заев.