Неселективноста во делувањето на министерот Наќе Чулев го плаши Зоран Заев оти може да тропне на неговата врата, вели Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, на прашањето во врска со вчерашната литија во Струга и барањето оставка за министерот за внатрешни работи.
„Зоран Заев е уплашен и знае дека може еден ден неселективноста во делување на министерот Наќе Чулев може да тропне и на неговата врата. Затоа бара оставка од министерот за внатрешни работи, бидејќи секој ден министерот Наќе Чулев добива се повеќе информации за криминалите во коишто Заев и неговите блиски биле вклучени во изминатиов период“, реле Милошоски на денешната прес конференција.
Според него, во врска со вчерашната литија во Струга каде што учествуваа голем број на граѓани, а не беа испочитувани заштитните мерки против ковид-19, треба да се произнесе и началникот на МВР Струга.
„Моето мислење е дека треба да се добие исто така изјава од началникот на МВР во Струга Дритон Ајро којшто е близок роднина на обвинителот Артан Ајро којшто беше ангажиран во СЈО. И сметаме дека треба началникот како прв човек на министерството во општина Струга да ја даде својата изјава и извештај. Во однос на барањето на Зоран Заев за оставка на министерот Наќе Чулев, сметаме дека тоа би го побарал секој човек којшто е осомничен за криминал“, рече Милошоски.