Груевски во новата ера: Нашиот напор е правда за сите

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва на конвенцијата за претставување на кандидатите за градоначалници со слоганот „Новата ера почнува“, претстави и документ, односно негова визија за Македонија.

-Денес започнува новото движење кое ќе ја донесе новата ера за Македоднија. Ера која ќе им покаже на сите и дома и надвор, на сите оние кои се оправдано загрижени, дека ние можеме, дека Македонија мора и може подобро. Во отсуство на јасна стратегија и план од власта, ние излегуваме со документ којшто вечерва ви го претставувам. Патоказ по кој ќе може да не препознаваат и оценуваат, но притоа дека сте сигурни дека тоа што ќе го нудиме ќе го исполниме. Оправдано од нас се очекува да ги повлечеме вистинките чекори. Нашиот напор е правда за сите. Ние работиме да ги решаваме проблемите на луѓето. Секогаш работа, секогаш Македонија, рече Груевски.

Поврзани новости