491
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред средбата со Зијадин Села во Тетово, изрази задоволство од досегашниот тек на разговорите за формирање на нова влада, најавувајќи дека од утре ќе почнат подетални разговори за поделба на ресорите.
Како што рече мандатарот Заев, се остваруваат контиунуирани средби во различни формат со цел што поскоро да се достави предлогот до собранието за составот и програмата на владата.
Воедно, Заев денеска изрази надеж дека владата ќе биде договорена во текот на оваа недела.