Груевски се прошета по автопатот за кој е осомничен дека местел изведувач

by fokus

Никола Груевски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ осомничен во два нови случаи на СЈО, „Траекторија“ и „Талир“, денеска изврши увид на автопатот Скопје – Штип за кој го терети обвинителството на Катица Јанева.

Во придружба на Груевски при посетата на автопатот Скопје – Штип беше и техничкиот министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Мисајловски изјавил дека автопатот ќе биде готов предвреме од првично планираниот датум, мај 2018 година, а тоа се должело на интензивирање на работата на терен.

Никола Груевски е првоосомничен во случајот „Траекторија“ за злоупотреба на службената положба, односно за местење на тендер за избор на фирма изведувач на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

Тој, заедно со екс министерот, Миле Јанакиески, вицепремиерот, Владимир Пешевски, како и со уште еден функционер незаконски ја избрале кинеската компанија „Синохидро“ да ги гради делниците, а со тоа го оштетиле буџетот за сума од 155 милиони евра, тврди СЈО.

ФОТО: Курир

Поврзани новости