СДСМ: Веќе исполнивме еден од петте програмски столбови, ги враќаме парите кај граѓаните

by Фокус

На повеќе од една година до истекот на мандатот, еден од петте носечки столбови на програмата на СДСМ од 2016 година – „Парите кај граѓаните“, е целосно исполнет, соопштија од партијата.

„Радиодифузната такса е укината, воведена е дневна евтина тарифа на струјата, казните се намалени, воведени се фер даноци и зголемени се субвенциите, а со повратот на 15 отсто од ДДВ, секое семејство добива приход плус на крајот од годината. Веќе извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови на програмата, како што се минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, доволно лекови за сите во секое време, дигитални услуги, како и судство и правна држава ослободени од партиски притисоци“, велат од владејачката партија на чело со Зоран Заев.

Од партијата, чии претставници Мухамед Зеќири, Костадин Костадинов и Андреј Жерновски денеска беа на традиционалниот пикник во „Трновски ветар“ во општина Крива Паланка, порачуваат дека продолжуваат непосредните средби на кои, како што велат, се решаваат проблемите и се креираат мерки и политики од интерес на државата и граѓаните.

Поврзани новости