534
Да се чуе гласот на индивидуата, одлуките да се носат по пат на директно или репрезентативно вклучување на граѓаните, да се почитува туѓото мислење, да се слуша и прифаќа критиката – тоа е демократијата – вака премиерот Зоран Заев го честиташе Меѓународниот ден на демократијата.
„Демократијата долго страдаше во Северна Македонија. Слободата, мислата, новинарството и одлучувањето на граѓаните без притисок беа незамисливи. Ама се изборивме, заедно создадовме мнозинство преку кое демократијата ја надвладеа автократијата. Нека е вечна слободата, преку неа ќе ја унапредиме и демократијата“, напиша Заев.