Заев: СДСМ нема да учествува на нерегуларните избори на петти јуни

by Фокус

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од членот на Извршниот одбор на СДСМ, Благој Бочварски, претпладнето се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Ваутер Пломп.

Тема на состанокот беше актуелната политичка криза во Македонија, усложнета со едностраната одлука на власта за одржување избори на 5 јуни и апсурдната одлука на Ѓорѓе Иванов за аболиција на криминалниот врв на власта.

-СДСМ нема да учествува на нерегуларни избори, какви што ќе бидат тие на 5 јуни, ниту такви избори ќе дозволи. Во Македонија се можни само регуларни избори, со прочистен Избирачки список и медиумски реформи, рече претседателот Заев.

Заедничка е констатацијата дека погазувањето на Договорот од Пржино, чијашто цел се фер и регуларни избори, ја носи земјата кон ризични и многу штетни последици по Република Македонија и нејзините граѓани.

Поврзани новости