Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите рече дека владејачката партија во иднина планира да го промени името од „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ во „Социјалдемократи на Македонија“. Скратеното име би останало и натаму СДСМ.
-Тоа може да биде на следниот конгрес, ние тоа не можеме на извршен или на централен одбор, кој ретко се свикува. До сега имавме само еден конгрес и тој беше онлајн и не знаевме до каде ќе биде ефикасен. Во периодот пред нас ќе постапиме согласно Преспанскиот договор. Има иницијатива за име „СДСМ – Социјалдемократи од Македонија“, но има и други идеи – рече Заев.
Претседателот на СДСМ ова го одговори во контекст на тоа дека политичките партии се финансираат од државниот буџет и дека согласно тоа, треба да го променат името.