Вучиќ донира 10 илјади дози „Астра Зенека“ за БиХ

by Fokus 11:13
11:13

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска пристигна во Сараево, каде што ќе им предаде контингент вакцини против коронавирус на членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина.

Како што јавија босанските медиуми, Вучиќ денеска ќе предаде прва пратка од 5 илјади дози вакцини од производителот „Астра Зенека“, од вкупно 10 илјади што им ги вети.

- Advertisements -

-Не е важно кој ги набавил вакцините, бидејќи тие се важни за здравјето на граѓаните. Мислам дека тоа може да им помогне на сите лекари во Босна и Херцеговина, особено на оние што работат во ‘црвената зона’ и на некои постари лица. Утре носиме 5 илјади дози вакцини. Значи, вкупно 10 илјади дози вакцина Астра Зенека, изјави Вучиќ за сараевскиот весник „Аваз“ во пресрет на денешната посета.

Српскиот претседател донираше вакцини и во Македонија, вкупно 8 илјади дози од производителот „Фајзер/Бионтек“.

Во Србија граѓаните имаат ретка можност да избираат со која вакцина против ковид-19 ќе се вакцинираат од сите што се одобрени за употреба.

 

Поврзани новости