Заев: СДСМ ги отвара вратите за граѓаните!

by fokus 14:49
14:49

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од говорницата на Конгресот на СДСМ најави нов начин на работа на СДСМ во наредниот период.

-Битката што ја почнавме е преголема и преважна да ја водиме сами. Затоа секој е важен. Секој е потребен, секој има идеја, план… Секого ќе ислушаме и прифатиме. Граѓаните го испишаа нашиот план и за тоа сум им благодарен.  Од денеска ги отворавме вратите. Од денеска секој штаб мора да ги отвори вратите за граѓаните. Ќе ги слушате граѓаните. Оние кои не можат да дојдат до нас ќе отидеме кај нив. Луѓето знаат каде може да тропнат. Ќе ги слушате и ќе ги решавате нашите проблеми.Зашто така му доликува на СДСМ да работи – рече Заев.

- Advertisements -

Toj најави дека СДСМ ќе обезбеди 22 милиони евра за активни мерки за вработување, а сумата ќе расте секоја година за на крајот да биде 33 милиони евра. Вети и 64.000 нови работни места за еден манда.

– Ќе ја вратиме евтината тарифа на струјата, РДТ ќе ја укинеме, извршителските трошоци ќе се намлат, преку локални сервиси помош за самохраните родители, еднородителски семејства ќе ги ослободиме од давачки, социјалните станови ќе прераснат во колективни станбени заедници управувани од локалната самоуправа, рече Заев.

Лидерот на СДСМ додаде дека нема ндивидуална среќа без колективна среќа.

-Нам ни се особоено важни најзагрозените. Најниската плата е 9000 денари, уште од првите шест месеци од новата влада тоа мора да се промени. Најниската плата ќе ја зголемиме на 12.000 денари, а ако мандатот новата влада не го заврши со најниска плата од 16.000 денари тогаш нека не се појавува повеќе пред граѓаните – рече Заев.

Тој најави помош за сите фирми, кои според него доколку работат добро и граѓаните ќе имаат корист.

– Ако имате платен и мотивиран работник кој не носи вреќа со проблеми, и успехот на компанијата ќе биде поголем. Во првиот месец од зголемување на платата, ќе има парична помош за фирмите, не да чекаат, туку веднаш, да може да работат и да имааат плата. Ќе имаат веднаш поврат за бруто исплатена плата -рече тој.

Според Заев, на Македонија и треба и инфраструктура, болници, градинки…

-„Човекот пред се“ е наслов на планот за Македонија. Македонија е една од најсиромашните држави во Европа. Над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата. Среќавам една мајка вели живеам со 2500 денари социјална помош. Како да се живее со толку пари во месецот? Луѓето се заробени во сиромаштија. Ќе обезбедиме паричен надомест, ќе им обезбедиме на луѓето – рече Заев.

Зборувајќи за развој на земјоделството Заев рече дека и тој се занимавал со земјоделие.

– Тука на дланкава е мојот личен траг кого копав по нивите, ја кревам оваа дланка и ви ветувам, земјоделецот ќе ја добие заслужената почит во општеството. Ние не ве гледаме како бројки, туку како луѓе кои одгледуваат земја и стока. Чувме сите за нелојалната конкуренција, ќе ви ги обезбедиме сите услови да продавате, да уживате во вашиот труд. Со сегашната даночна политика повеќето земјоделци го плаќаат овој данок, ќе ги задржиме земјоделците во руралните средини, младите земјоделци до 35 години ќе ги ослободиме од закуп на државна земјоште, ќе формираме инвестициски фонд – рече Заев.

 

 

Поврзани новости