Заев: На 11 декември ќе го славиме животот

by fokus 15:12
15:12

Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, во денешното обраќање на Конгресот на партијата, пред раководството и членовите порача дека по 11.декември, Македонија нема да ја слави победата на СДСМ, туку ќе го слави животот.

-Што ќе славиме на 11.декември? Пад на режимот? Тој е веќе паднат, ние граѓаните го турнавме. Победа на СДСМ и опозицијата? Нам не ни треба победа заради самата победа и хранење на егото, или заради власт. Драги граѓани на 11 декември ќе го славиме животот, рече Заев.

- Advertisements -

Тој посочи дека Владат е алчна, а не патриотска.

-Се изнагледавме изминативе 10 години разни квазипатриоти за кои патриотизам е полнење на личните џебови и партија со над 60 милиони евра имот. Тоа е алчност а не патриотизам“, се осврна Заев на власта на Никола Груевски, и на граѓаните кои бараат помош од државата, рече дека вратите им се отворени низ штабовите на СДСМ, да бидат сослушани и да разговараат за проблеми и иднината на сите.

Поврзани новости