Заев: СДСМ е спремна да му помогне на народот во Србија

by Фокус

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја споделува со вас и со вашиот народ загриженоста за состојбите во земјата што оставија илјадници луѓе без своите домови и направија огромна материјална штета, како и надежта дека ситуацијата ќе биде што поскоро стабилизирана. Ова го напиша во телеграмите испратени до државниот врв на Србија, лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ.

– Како најблиски соседи и ваши пријатели, во мое лично име и во име на СДСМ, ве известувам дека се солидаризираме во неопходните чекори за надминување на последиците од водената стихија. СДСМ како голем и организиран политички субјект во Македонија, се става на располагање за помош со се што е неопходно за народот во Србија. Изразувам искрено и длабоко сочувство за жртвите во катастрофалните поплави од големите и незапаметени досега, временски неприлики, што ја погодија Србија – пишува во телеграмите кои ги испрати Заев.

Претседателот на СДСМ, упати телеграми до претседателот на Србија, Томислав Николиќ, до претседателката на Народното Собрание, Маја Гојковиќ, до премиерот, Александар Вучиќ и до сестринските партии во Србија, како и до претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ и до сестринските партии во БИХ, за ужасната состојба од поплавите и во оваа земја.

Поврзани новости