Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска ја објави 33-тата „бомба“ во која пуштио, аудио-снимки, како премиерот Никола Груевски и неговиот братучед Сашо Мијалков, кои како што вели ширеле лажен патриотизам, а инаку цело време се пазареле за продажба на името. Тој првично ја пушти снимката во која Груевски јавно изјави дека нема компромис и дека тие нема да се пазарат со името.
Но, по таа снимка Заев објави како лично братучедот на Груевски, шефот на тајната полиција посредувал за продажба на името со Емануел Малелис, познат и како Маноли. Според Заев, тие двајца без компромиси се пазареле за продажба на името, иако во јавноста цело време продавале лажен патриотизам и на тој начин ги убедувале луѓето дека се големи патриоти.
Во првиот сет разговори меѓу Зоран Јолевски, преговарач и Антонио Милошоски, Јолевски му објаснува дека медијаторот Метју Нимиц се чувствува исклучен во целиот процес со преговорите.