573
Премиерот Зоран Заев синоќа на партиската трибина во Прилеп истакна дека само лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се радува за блокадата на францускиот претседател Емануел Макрон на преговорите на земјава со ЕУ.
-Абе човек, државата, државата наша е тоа, само тој среќен целиот исполнет, еве не бидна датумот. И што дека не бидна датумот, мисли дека тоа ќе го донесе на власт. Мало сутра – му порача Заев на Мицкоски.
Инаку, лидерот на СДСМ и премиер на трибината говореше за реформи на патот на евроинтеграциите и за економските политики на владата.