1.2K
На проблемот со Бугарија се работи и наскоро очекувам да ја посетам Софија, пред Берлинскиот процес, каде јас и бугарскиот премиер Бојко Борисов сме домаќини во име на Северна Македонија и Бугарија, истакна денеска премиерот Зоран Заев.
-Сакам да ја посетам Бугарија и не го кријам тоа што е моја желба, првата моја официјална посета од соседните земји да биде Република Бугарија заради пријателството, заради тоа што првиот мандат почна така и веруваам дека големи успеси на државата се прокнижија во целиот овој период и верувам дека тоа ќе се случи – истакна Заев.
Тој истакна дека кога ќе има излезни решенија со Бугарија веднаш ќе бидат соопштени.