Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во моментот се обраќа пред присутните во Универзалната сала, истакнувајќи дека цела една година бил под посебни истражни мерки, бидејќи власта сакала да му намести случај, сличен како оној во кој беше осуден Љубе Бошкоски.
Заев истакна дека цела една година, власта ангажирала бизнисме од Струмица кој требало да му даде пари на Заев, но тој истакна дека не подлегнал на замката. Истакна дека вчера го пријавил случајот. Заев исто така истакна дека им дојде крајот на Никола Груевски и неговиот братучед Сашо Мијалков.
-Оваа власт ја крадела иднината на македонските граѓани. Тоа го сторија овие луѓе, нелуѓе, Груевски, Мијалков и нивните соработници. Шилото тргна да си го бара патот, по девет години. И сега што правиме Груевски? Не си го предвидел човечкиот фактор и нивната совест? Тоа се патриотите на Македонија кои ги обезбедија документите. Да им оддадеме почит на овие храбри луѓе, на кои им ја должиме вистината за Македонија, истакна Заев.