Рацин вечерва во секој од нас вели: Силно светнал ден! Ние можеме, ние веруваме, имаме надеж, имаме визија, имаме план за живот во Македонија. И ќе има живот во нашата Македонија. За само седум дена ќе светне утрото кога ќе го почувствуваме животот, истакна лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев на граѓанскиот митинг пред Владата.
– Ви го отворам срцето, слушнете го тој гласен шепот на благодарност кон сите вас и кон својата земја. ве тепаа, ве омаловажуваа. Вие сте вистински херои, нема херои без лузни. Другари, вредеше. Ја добивме најголемата битка за секој наш граѓанин – рече Заев.
Тој детално го претстави Планот за живот на Македонија пред присутните на митингот и рече дека клуч за земјата е стабилноста на земјата.
– Останувањето на власт на Груевски носи немир, нестабилност. Не се мирни неопределените граѓани, симпатизерите на СДСМ; па и вмровците. Доаѓа време кога никој нема да стравува за ништо. Барам од секој од вас да го препознаеме овој историски момент на прекршување, кога режимот пука, се раѓа живот. Ова не е обична изборна кампања, Овие избори не се на ВМРО или на СДСМ, овие избори се за вас за вашите деца, внуци. Оваа „или-или“ не е обично, тоа значи пропаст ли живот – додаде Заев.
Лидерот на СДСМ им се обрати на младите, велејќи дека се работи за нивниот живот во Македонија.
– Сакам да ја прифатите оваа моја рака, ја подавам кон секој од вас. Не е толку одамна за да не можам да се сетам со какви очекувања излегов од факултет, со каква трема влегов во бизнисот. Знам што му е потребно на младиот човек – ШАНСА. Но, за да ја добиете, треба да изберете каква иднина сакате. разочарани, многумина ја напуштивте. Ви нудам шанса да останете тука, каде шо ќе добиете можност за неповратни 10.000 евра, за да почнете свој бизнис. Во ваши раце е и белото знаме со кое може да се предадете или црвеното, со кое ќе прогласите своја победа. Ве повикувам, заедно да донесеме живот во Македонија – рече Заев.
Тој ги повика граѓаните да ги земат мобилните телефони в рака и им рече да испратат по една порака до пријател, за кого мислат дека има потреба од дополнително охрабрување:
– Пишете им дека треба да гласаат за живот во Македонија – повика лидерот на СДСМ.
Фото: Плусинфо