Заев: Редовните парламентарни избори се во 2024, дотогаш треба да работиме

by Фокус

Конечно треба да престанеме со предвремени избори, тие ги стопираат производствените капацитети и севкупната македонска економија, изјави денеска премиерот Зоран Заев во Гевгелија, откако лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара предвремени парламентарни избори.

– Сите тешки одлуки што се донесоа во минатото беа заради економскиот стандард на народот, заради отворање нови работни места, да ги мотивираме ваквите инвеститори да инвестираат во нови инвестиции, да отвораат работни места, да го зголемуваат својот извоз, бруто домашниот продукт на државата, а со тоа и благосостојбата на целиот народ – рече премиерот.

Секое предвремено истрчување на избори, според него, ги кочи ваквите процеси.

– Затоа, редовните избори се во 2024 година и треба да опстоиме на тоа, а дотогаш треба буквално сите, почнувајќи од мене, претседателот на државата, извршната власт, општините, но и сите наши граѓани, да ги засукаме ракавите и да работиме – порача Заев.

Поврзани новости