Која: ДИК да постапува законски, а Изборниот законик да не се менува пред избори

by Фокус

Новиот состав на Државната изборна комисија да ги извршува своите должности согласно законите, очекува шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која.

-ДИК е долгогодишен партнер на нашата Мисија и на ОДИХР. Очекуваме дека новиот состав на ДИК ќе ги извршува своите должности на начин што е целосно во согласност со постојните закони, правила и процедури, вклучувајќи ја и свечената заклетва на членовите. Вреди да се спомене дека ДИК не е само седумчлена комисија. Тука е и администрацијата која покажала високо ниво на професионализам и посветеност во текот на годините – вели Која за МИА.

Во однос на евентуални измени во изборното закодавство во изборна година, Која посочува на препораката на ОДИХР е тие да се случат најмалку шест месеци пред одржувањето на изборите.

-Препорачливо е изборниот закон да стапи на сила најмалку шест месеци пред изборите, за да можат институциите да се подготват непречено да ги спроведуваат промените. Низ годините, ОДИХР има дадени голем број препораки за подобрување на изборниот процес во Северна Македонија. Во нивниот последен извештај за ланските предвремените парламентарни избори, Специјалната мисија за проценка на изборите на ОДИХР јасно стави до знаење дека сè уште има голем број прашања во законската рамка за изборите што треба да се решат – истакнува Која.

Поврзани новости