623
Премиерот Зоран Заев по лидерската средба вечерва изјави дека на средбата било разговарано за можното референдумско прашање, како и за тоа референдумот да биде консултативен.
-Оваа лидерска средба ја свикавме за да одлучуваме заедно и да избереме стабилност, безбедност и иднина. На средбата разговараме за можното референдумско прашање во насока на „Дали сте за членство за ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција?“ Во услови кога Собранието треба да донесе некоја важна одлука, референдумот да биде консултативен, пред Собранието да донесе важна одлука. Сепак волјата на граѓаните сите партии ќе треба да ја почитуваат. За ова разговараме сите кои останавме на средбата до крај, рече Заев.