Заев за утре му закажа нова лидерска средба на Мицкоски само со четирите партии

by fokus

Премиерот Зоран Заев во изјава по вечерашната средба кажа дека за утре закажува нова лидерска средба по барањето на Христијан Мицкоски на која ќе присуствуваат лидерите на четирите најголеми партии.

-Однесувањето на Мицкоски е навредливо и недостоинствено. Ако е за НАТО и ЕУ требаше да седи рамо до рамо до сите партии и да носи одлуки за нашите граѓани. Тој одлучи да избега од средбата и да избега од одговорност. Што е тоа што Мицкоски не е спремен да го каже пред сите лидери, а е спремен да го каже пред четирите лидери. Утре во 12 часот закажувам средба во помал состав на која Мицкоски ќе има можност да каже дали е за НАТО и за Еу и граѓаните да одлучуваат, рече Заев.

Поврзани новости