Заев разговара и со ДПА за проширување на парламентарното мнозинство

by Fokus

Премиерот, Зоран Заев, денеска изјави дека во тек се преговори со партиите од останатите етнички заедници за проширување на парламентарното мнозинство, а со тоа и обезбедување на стабилна коалиција. Освен со двете крила на БЕСА, премиерот потврди денеска дека се разговара и со пратеници на ДПА.

-Во преговори сме и со Турската демократска партија, исто така, а гледам амбиент и во некои други пратеници во Парламентот што би поддржале вакви политики – рече Заев.

Тој порача дека не планира предвремени парламентарни избори што би значело сатабилност за бизнисите и сите економски текови во државата.

– Моја перцепција и перцепција на Владата е дека не треба секогаш да се брза на парламентарни избори. Вака споделената информација за бизнис секторот значи стабилно да планира, граѓаните исто така да ги планираат своите активности, сите чинители во Република Македонија и го кажувам тоа што зависи од мене. Секако, ако некој друг провоцира, направи пресија или има причини за таа работа, ја оставме отворена можноста – рече Заев.

Тој денеска ја поздрави одлуката на опозицијата повторно да се вклучи во работата на Парламентот. Како што рече дијалогот со опозицијата се движи во добар превец.

Запрашан како за најавите за интерпелација на Владата и барањето на опозицијата оваа точка да биде ставена пред седницата за реформските закони, Заев кажа дека верува оти ќе се најде време и за потребите на опозицијата и за реформите.

– Постои скоро комплетен консензус во Парламентот да се донесат ваквите решенија – рече премиерот.

 

Поврзани новости