461
Премиерот Зоран Заев на Виенскиот економски форум што се оддржа во Софија раскажа анегдота меѓу албанскиот премиер Еди Рама и францускиот претседател Емануел Макрон, во врска со зачленувањето во ЕУ.
„Макрон му рекол на Рама, зошто толку сакате во ЕУ кога уште и ние не сме средени за да ве примиме.
Еди му одговорил, абе сакаме, исто како во брак што сите сакаат, а после може и ќе зажалиме“, раскажа Заев, предизвикувајќи насмевки кај присутните.
Премиерот додаде дека ова е шега и дека Македонија верува во Европската Унија.