Премиерот Зоран Заев пред седиштето на СДСМ порача дека режимот е срушен и Македонија треба да се радува дека, како што рече, дојде слободата.
-Да ви се заблагодарам на сите за вербата, за борбата, за амбицијата, за другарството. Ова што го направиме не се прави со пари, се прави со срце и љубов за нашата татковина. Се боревме со режим кој беше во сите пори на опшеството. Нема посилна алатка од вербата и љубовта. И еве ја денеска цела Македонија, насмеана, се радува. Не беше лесна борбата. Симнавме режим со пенкало и со глас. Испишавме убави страници во модерната македонската историја. Да се гоордете што учествувавте и ширетвте позитивна енергија и на најголемите неверници. Искрена беше борбата и ги сруши сите бедеми пред нас. Да бидеме радосни, да бидеме насмеани, рече Заев.
Тој апелираше на обединување и да запре поделбата во Македонија.