396
Сакаме да ја унапредиме соработката во целиот регион така и со нашите соседи, изјави македонскиот премиер Зоран Заев при гостувањето на дневникот на босанската ТВ 21.
-Веќе го решивме или е пред решавање прашањето со Бугарија. Имаме проблем со нашиот јужен сосед Грција околу името Република Македонија. Но веруваме дека постои решение и на тој проблем затоа што веруваме дека навистина можеме да имаме само добробит за двете земји и за целиот регион ако ја унапредиме соработката. Јас велам вака – Западниот дел на Европа ќе се почитува повеќе ако ние повеќе соработуваме и тоа е повеќе од јасно – рече Заев.