Османи: Законот за јазици прво ќе оди пред Венецијанската комисија за да не падне на Уставен суд

by Фокус

Одлуката законот за јазици прво да помине во Венецијанската Комисија е донесена по барање на меѓународната заедница во случај законот во иднина да се оспори пред Уставниот суд, изјави вицепремиерот за европски прашања во емисијата „360 степени“, Бујар Османи.

-Се согласивме во Влада и наскоро ќе го усвоиме. Имаше неколку сугестии од меѓународниот фактор дека не треба да дозволиме по усвојувањето евентуално да се оспори неговата уставност – рече Османи.

Според него, законот треба да се усвои што побрзо за да не биде дел од изборните агенди на политичките партии.

Поврзани новости