Неколку спасувачки екипи беа испратени од Македонија во Албанија за помош по силниот земјотрес во Драч.
Премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи се заблагодари на сите кои несебично помогнале за нашиот сосед.
Од име на сите граѓани на нашата држава, сакам да упатам неизмерна благодарност кон републичките сили за заштита и…
Publiée par Zoran Zaev sur Dimanche 1 décembre 2019
„Од име на сите граѓани на нашата држава, сакам да упатам неизмерна благодарност кон републичките сили за заштита и спасување, кои координирани од Дирекцијата за заштита и спасување, беа присутни во најпогодените подрачја во Албанија од катастрофалниот земјотрес.
Нашата држава е држава на солидарност. Скопјани уште живо се сеќаваат на катастрофалниот земјотрес од 1963. Тогаш со помошта на нациите од целиот свет го изградивме повторно главниот град.
Припадниците на републичките сили за заштита ја заслужуваат нашата највисока почит и поддршка за нивната стручност и храброст“, истакна Заев.