Следуваат значително пониски температури, па дожд и снег

by Fokus 07:00
07:00

Нашата територија се наоѓа под влијание на значително постудена воздушна маса која се спушта од север и истата условува и многу пониски температури на воздухот, особено ниски температури имаме наутро кога на повеќе места истите се спуштија и под нулата.

Времето пак до крајот на денов ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, сепак облачноста полека ќе се зголемува особено попладне и во вечерните часови како и во текот на ноќта кога особено на запад ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег на повисоките планини.

- Advertising -

Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени. Утре повторно на повеќе места ќе има врнежи, но овој пат истите ќе бидат од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините каде ќе дојде до формирање на снежна покривка.

Ќе започне да дува умерен, повремено и тоа особено долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Поради падот на температурите и спуштањето на уште постуден воздух од север провејување на снег локално ќе има и на местата под 800 м.н.в, со што има услови да дојде до формирање и на тенка снежна покривка.

Максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени, меѓутоа доцна попладнето и вечерта ќе започнат уште повеќе да опаѓаат.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека пред нас е уште постуден воздушен бран од север, доколку излегувате со себе ЗАДОЛЖИТЕЛНО да си понесете топла облека но и чадор за утре кога ќе имаме нов бран на врнежи.

Подготвил: Славчо Поповски.

Поврзани новости