Заев прими делегација од „Триглав“, заинтересирани се за проширување на инвестицијата

by fokus

Претставници на менаџментот на   „Триглав“, осигурителна и финансиска групација во Словенија и регионот Адрија денеска на средба со премиерот Зоран Заев изразиле интерес за влез на македонскиот пазар во областите во кои не се присутни.

Тричлената делегација на компанијата „Триглав“ предводена од Барбара Смолникар, членка на управата на холдинг компанијата „Заваровалница Триглав“ со седиште во Љубљана, го информирала премиерот Заев и за тековните бизнис активности на компанијата, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Заев ги поздравил намерите на компанијата, изразувајќи охрабрување за секоја нова инвестиција во Македонија, која ќе донесе нови работни места. Здравата конкуренција е дополнителен мотив за успешна работа на компаниите во земјата, навел Заев.

Поврзани новости