Заев прими делегација од „Спортски игри за млади“

by fokus

Премиерот Зоран Заев придружуван од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, оствари средба со делегација од регионалната невладина иницијатива „Спортски игри за млади“, во состав: Ивана Јованова – претседател, Здравко Мариќ – претседател на организацискиот комитет и Тихомир Гудиќ – извршен директор.

На средбата, гостите презентирајќи го развојот на иницијативата, преку успешните примери од изминатите 21 година постоење, како и плановите за развој и вклучување на нови земји во понатамошното организирање на овој спортски настан, упатија отворена покана, од годинава и Македонија да земе учество како во натпреварите во повеќе спортови, така и во логистиката на организирањето на спортските игри за млади.

Премиерот Заев, ја поздрави иницијативата, и пројави интерес дел од оваа спортска иницијатива во блиска иднина да биде и Република Македонија.

Поврзани новости