Заев: Претходната власт барала рекет од 300 илјади евра од газдата на Југохром

by Fokus

Претходната власт барала рекет по 200, 300 илјади евра од газдата на Југохром, истакна на вчерашниот митинг во Јегуновце лидерот на СДСМ и премиер на Македонија, Зоран Заев

Тој истакна дека ќе се изградат филтри во Југохром и дека наредната пролет фабриката ќе работи со целосен капацитет и сите работници ќе се вратат на работа.

– Сакам вечерва овде да испорачам ветувања, како моја поддршка и поддршка на Владата и мнозинството во Парламентот, за идните проекти во општина Јегуновце. Ќе работиме со новата локална власт во Јегуновце, да го обновиме секој дел на регионални патишта, и тоа од Јегуновце до Желино, 17 километри, од Лешок до Шемшово, 5 километри, и од Пршовце до Јегуновце, 5 километри. Ќе изградиме и локални патишта на релација Туденце – Сиричино и од мотел „Вратница“ до Беловчиште. Тоа е мојот збор, а зборот е збор. Денеска патриоти се тие што ќе обезбедат достоинствен живот на своите граѓани дома, тука во Македонија – рече Заев.

Според него, на 10.10. 2017 година, Југохром ќе потпише договор со владата за изградба на филтри, а во март/април ќе започне со работа.

– Дарко Блажевски, кандидатот за градоначалник душата ми ја извади за да го решиме овој горлив проблем – додаде Заев.

 

Поврзани новости