Заев: Преку Ангеловска праќам порака до младите да го наоѓаат своето место насекаде

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска пред Парламентот ги брани предлозите за нови министри во Владата. Заев ја предлага Нина Ангеловска за министерка за финансии и Хисни Џемаили за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима. Премиерот кажа дека двајцата нови министри ги смета како сериозно засилување на владините капацитети.

-Нина Ангеловска која ја предлагам има 31 година. Сакам да испратам порака до младите, да го наоѓаат своето место насекаде, на сите работни позициии, па дури и на вака високи позиции кои нашата земја може да ги понуди. Во 2013 ги започнала докторските студии во 2016 е доктор на науки по организациски науки и управување при УКИМ. Стекнатото знаење го применува во пракса и го основа првиот веб-сајт за групни попусти „Групер.мк“. Доживува огромен успех, станува лидер на пазарот и се стекнува со голем број признанија, рече Заев за Ангеловска.

Тој даде вовед и за Хисен Џемаили , кој го предлага за министер без ресор.

-Тој доаѓа од Катедрата по Географија на Тетовскиот универзитет, во неговата политичка кариера бил пратеник и како советник во локалната самоуправа во општина Тетово. Може да придонесе во сите ресори, но пред се фокусот на домашните претпријатија. Јас се надевам дека овие два кадри покрај честа која Парламентот ќе им ја даде да управуваат, ќе ја изработат својата работа со љубов, убедени дека навистина ова е посебно неповторлив, драгоцен период на нашата земја, кога се интегрира во ЕУ и НАТО и дека ќе дадат сериозен импакт пред се на економијата. После сите тешки одлуки, навистина верувам дека треба да направиме се, да економски бенефиции почувствуваат и граѓаните“, рече премиерот Заев.

 

Поврзани новости