Заев: Преговорите се во криза, продолжуваме со „бомбите“

by Фокус

Преговорите се неуспешни, Груевски го минира договорот од 2 јуни, со што во април не се возможни предверемни парламентарни избори без опозиција истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес – конференција во седиштето на Бихачка.

– Направивме се како СДСМ, преку дијалог да се дојде до решение и покрај судските процеси против мене, покрај невините луѓето што седат во притвор, седнавме на маса зашто ги имавме интересите на граѓаните пред нас. Груевски сака да го одолговлекува процесот – тврди Заев.

Тој додава дека не се возможни избори со влада предводена од Груевски, бидејќи според него, премиерот го водат само лични интереси.

– Нема да дозволиме Груевски да ја уништува Македонија. Ќе продолжиме со сите средства кои ни стојат на располагање. Одложувањето на преговорите ни покажа што сака да Груевски постигне, тој го урнисува договорот од 2 јуни и продолжи со својата црна кампања – истакна Заев.

Поврзани новости