Лидерот на СДСМ Зоран Заев, заедно со дел од раководството при денешната посета во Битола на новинарско прашае рече дека роковите за дефинирање на изборното законодавство се крајот на овој месец, најдоцна до почетокот на идниот месец и дека тоа поглавје мора да се затвори.
-СДСМ останува на ставот за една изборна единици, модел со кој ќе изгубат поголемите, но ќе добијат помалите партии. Ние сме првата политичка партија којашто спаѓа во корпусот четири најголеми партии, којашто го отвори ова прашање на најтранспаретен начин.Тоа значи, нашата себичност ја тргаме на страна, тоа значи големите партии може да изгубат три, четири, две пратенички места, при ист број гласови кои би ги добиле ако се промени моделот од шест изборни единици на една изборна единица. Но, не е крај на светот, ние очекуваме да бидеме прворангирана политичка партија на наредните избори. Ќе изгубиме можеби три, четири пратенички места, но тоа не `не прави втори. Тоа ќе отвори можност да влезат помали политички партии во Парламентот коишто ќе влијаат за демократизацијата во Парламентот, од којшто зависи и деморкатизацијата и на извршната власт, односно со неколку зборови кажано, никогаш повеќе автократ да не се појави во Македoнија. Ако Заев добие чест или кој било, да состави Влада, да зависи од лепеза од партии, ќе се мисли сто пати како ќе ги постави основите, а пред се и реализацијата на програмите коишто допираат до граѓаните – изјави Заев.
Тој зборуваше и за итноста од промени во изборното законодавство.
-Ние го ставивме на маса и е отворено и се надеваме дека и другите политички партии и меѓународниот фактор, но и граѓанските организации ќе го држат во живот, за да може да се носат одлуки во тој дел. Знаете дека овие денови се денови на отварање на изборното законодавство, тука му е местото на ова прашање. Роковите за дефинирање на изборното законодавство се крајот на овој месец, најдоцна до почетокот на идниот месец. Тоа поглавје мора да се затвори. Апелираме и јавно сите да ги кажат своите ставови на работните групи во функција на демократизација на нашето општетсво, рече Заев.