523
Македонија понудила четири опции за решавање на спорот за името со Грција, изјави македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за агенцијата Ројтерс, пренесе Дојче веле.
„Предлозите се Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје)“, изјави Заев за Ројтерс во Лондон, каде присуствуваше на инвестицискиот самит за Западниот Балкан во организација на Европската банка за обнова и развој.