481
Претседателот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев, заедно со неговите најблиски соработници Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски, денеска оддржаа средба со американскиот амбсадор во земјава Пол Волерс, на која се разговарало за политичката ситуација, дијалогот меѓу опозицијата и власта, како и судскиот процес меѓу Заев и премиерот Никола Груевски за случајот „Македонска банка“.
„Заев го соопшти ставот на СДСМ, кој е познат и на јавноста во Македонија, дека основен предуслов за почеток на разговори со ВМРО-ДПМНЕ за сите теми што СДСМ јавно ги презентираше, е договор за формирање техничка влада, којашто ќе спроведе слободни и фер избори“, стои во партиското соопштение на социјалдемократите за средбата со Волерс.