Парламентарната група на СДСМ не го прифаќа предлогот на претседателот на државата Ѓорге Иванов старо-нов гувернер на Народната банка да биде Димитар Богов, информираше денеска во Дојран премиерот и лидер на социјалдемокраите Зоран Заев.
Тој откри дека кон крајот на март имал средба со Иванов, на која двајцата заклучиле дека претседателот прво треба да разговара со актуелниот гувернер Богов дали би прифатил уште една кандидатура.
Меѓутоа, додаде Заев, немал втор разговор во однос на оваа тема со Иванов, кој одлучил да го предложи Богов до парламентот без претходно да му соопшти на Заев за да види какво е расположението кај парламентарното мнозинство, кое треба да го избере првиот човек на НБРМ.
-Ние немавме втор разговор за да направиме една фаза на подготовка и разбравме од медиумите за предлогот за нов гувернер, исто како и за предлозите за уставни судии – рече Заев, изразувајќи дека наскоро ќе има средба со Иванов за да се усогласат за експертско решение за оваа функција.