537
Претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот официјален фејсбук профил напиша дека избори мора да се одржат во најбрз можен рок.
– Избори мора да има и тоа во најбрз можен рок. Потребни се целосно функционални институции за заштита на јавното здравје, поставување и водење на новата развојна македонска економија, пишува Заев.
Тој ги повикува сите партии и чинители да ги стават потребите на државата и граѓаните на прво место.