425
СДСМ и коалицијата вечерва се на митинг во Гевгелија. Се обрати и лидерот на партијата и премиер, Зоран Заев.
-Време е да го вратиме животот во Гевгелија за сите. Во декември заедно одлучивме Македонија да тргне по патот на промените. Сега станува јасно дека на 15 октомври заедно ги заокружуваме промените што носат живот за сите. Македонија станува подобра, нема враќање назад. Исправено повторно барам поддршка од вас за да можеме да живееме и работиме со гордост. Ние водиме политика од збор, рече Заев.
Тој рече дека анкетите покажуваат дека СДСМ ќе победи во Гевгелија.