421
„Слободата на еден новинар беше одземена, но вистината секогаш победува!“. Ова го напиша премиерот Зоран Заев откако присуствуваше на промоцијата на книгата на Томислав Кежаровски, „Живот во кутија“.
-Томислав Кежаровски стана симбол кој секогаш ќе го имаме пред себе кога велиме – Никогаш да не се повтори. Да не дозволиме никогаш повеќе да бидат загрозени слободата на новинарите и слободата на граѓаните. Ми беше чест да присуствувам на промоцијата на неговата книга „Живот во кутија“, напиша Заев на официјалната Фејсбук страница.