696
Честитки до Горан Пандев и до македонската репрезентацијата за првиот историски гол на ЕП за Северна Македонија, објави вечерва на Фејсбук премиерот Зоран Заев.
„Го живееме сонот кој го чекавме 30 години, да заиграме на Европското првенство во фудбал, рамо до рамо со најдобрите. Бие срцето силно за црвено-жолтите, за нашата македонска гордост. Со полна душа го следевме секој ваш чекор на теренот, покажавте одлична игра, не направивте горди и среќни“, напиша Заев, додавајќи дека најдобрата игра допрва следува.
Македонија загуби од Австрија со 3:1, а голот за земјава го постигна Пандев.