431
Премиерот Зоран Заев на денешната средба со австрискиот канцелар, Себастијан Курц порача дека поддршката од Австрија за влез на Македонија во НАТО е од огромно значење. Исто така, Заев додаде дека Македонија ќе остане посветена и ќе остави позитивен пример во светот.
„Поттик за нас е што Австрија ја препозна Македонија како надеж за Европа. Ова го прифаќаме како обврска. Вашата посета е силна порака во пресрет на референдумот и јас верувам дека мнозинството граѓани ќе го дадат својот глас за иднина. Македонија се врати на европскиот пат, покажавме храброст и сакам да изразам голема благодарност кон Австрија, таа е најзначаен економски партнер“, порача Заев.