522
Со загриженост ги следиме вестите за големиот земјотрес во Албанија, во Драч и во близината на Тирана. Силината на земјотресот, кој го почувствуваме и ние, ги насочи мислите кон нашите соседи, напиша премиерот Зоран Заев на фејсбук.
-Најискрено сочувствуваме со најблиските на жртвите, и се надеваме на брзо закрепнување од последиците. Од утрово сме во комуникација со институциите на Албанија и сме подготвени да ја пружиме сета неопходна помош и поддршка, напиша Заев.