501
Премиерот Зоран Заев му предложил на Собранието да ги разреши од функцијата министрите без ресор, Аксел Ахмедовски и Аднан Ќахил, тврдат владини извори.
Тој побарал Ахмедовски да биде разрешен од функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија. На негово место го предложил Музафер Бајрам, кој е потпретседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите.
За функцината министер без ресор задолжен за странски инвестиции, која ја извршува Ќахил, го предложил Елвин Хасан, потпретседател на Партијата за движење на Турците.