520
Зоран Заев по средбата со Биљал Касами од Беса во Собрание, изјави дека преговорите се во завршна фаза и дека очекува следната недела да има нова влада.
-Лидерите на партиите кои се потенцијални коалициски партнери ветија дека за десет дена ќе има влада и се надевам дека под притисокот на граѓаните ќе мора брзо да привршиме со преговорите….Јас сум оптимист дека скоро ќе имаме нова влада. И понатаму ќе останеме верни на принципот – еднаквост за сите, изјави Заев.
Тој додаде дека сѐ уште не може да каже дали ќе има договор за влада со четири партиципиенти, односно дали и БЕСА ќе биде дел од идната влада.