645
Премиерот Зоран Заев, запрашан за најновите „бомби“ објавени денеска на Јутјуб, тој не сакаше да даде коментар.
Тој додаде дека нема да дозволи да му се случи нешто на неговото семејство и на граѓаните на Македонија, за заканите што се слушнаа во првообјавените „бомби“ викендов.
„Сега сериозни процеси се одвиваат. Јас нема да дозволам да коментирам било какви детали. Самиот судски процес треба да заврши и да ја изрече казната за секој. Моите деца ми се светост и нема да дозволам влакно да им фали на главата, додека јас управувам. Јас ги слушнав заканите и не верувам во реализација. На крајот на денот за мене е многу важна вистината. Случајот „Рекет“ е еден од случаите кој нанесе политички штети кон политичлки субјекти“, порача Заев.