Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција одговарајќи на новинарски прашања рече дека сака овие денови да заврши со реконструкцијата на Владата. Кажа дека вчера имал средба со двете крила на БЕСА и ДПА предводена од Мендух Тачи.
-Денеска ќе има дополнителна комуникација. Сакам овие денови да привршуваме со оваа тема. Сите се со очекување на предлозите кои произлегуваат од мене, како премиер. Согласно тоа, потоа ќе се изјаснат и политичките партии. Ако успееме да ги номинираме самите предлози за преземање на одговорноста во одредени ресори, јавни институции и слично, на политичките партии ќе им требаат неколку денови да донесат одлуки на свои органи и тела. Се надевам дека ако не со сите партии, со дел од партиите ќе успееме. Немаме опструкции од никој, рече Заев.