За претседателот на СДСМ Зоран Заев, условите за фер политички натпревар во декември се исполнети. Ова опозицискиот лидер го изјавил на средбата со еврокомесарот Јоханес Хан и порачал дека избори мора да има.
– Изразена е заедничка согласност дека е неопходно сите политички партии и институции, вклучувајки го и Собранието, да ја испочитуваат обврската за слободни фер и регуларни избори на 11 декември – се вели во партиското соопштение.
На средбата Заев уште еднаш ја потенцирал поддршката на СДСМ за законите побарани од Специјалното јавно обвинителство.
Сепак, еврокомесарот Хан пред неговот заминување, не даде конретен одговор за барањата на Катица Јанева за измена на Законот за заштита на сведоци и продолжување на мандатот на СЈО.
Тој само порача дека работата на СЈО е од клучно значење и рече оти партиите му ветиле дека нема да ја опструираат неговата работа.