По Цеца, забрана и за Северина

by fokus

И Хрватска забрани емитување на нејзината музика во Македонија. Оваа одлука била донесена на седница на Управниот одбор на организацијата ХДС- ЗАМП, каде е одлучено да се забрани користење на нивниот музички репертоар на сите радио и телевизиски станици на територија на Македонија.

ЗАПМ-Македонија информираше врз основа на склучените мегусебни договори за реципроцитет, известува дека забраната почнува од 17.10.2016 година.

-Ги следиме настаните во Вашата земја и би сакале да ја изразиме нашата загриженост во однос на тоа дека континуитетот на авторската заштита во Македонија е ставен во ризик, со штетни последици врз авторската заштита и на штета на вредноста на музичките дела на сите автори, домашни и странски, се вели во соопштението на ХДС-ЗАМП.

Поврзани новости